Активности на МБР тимот

Неуморни преку цела година

Нудиме исклучителна посветеност дизајнирана за Ваши уникатни доживувања

13.10.2025

Декларација за развој на урбана мобилност

🚶‍♀️🚴‍♂️ Група од 13 граѓански организации упатија заедничко барање до сите кандидат(к)и за градоначалници/чки на Град Скопје, општините во Скопје, Битола и Кочани — да ја поддржат и потпишат Декларацијата за развој на урбана мобилност која е еколошки, родово и економски одржлива.

20.09.2025

Од ❤️ за Тоше” 2025

Велосипедска тура “Од ❤️ за Тоше” 2025. Екипата спремна, Македонија во мало. Тргаме за Нова Градишка 🇭🇷 #ОдСрцеЗаТоше2025 🇲🇰

19.09.2025

МБР во рамки на Европската недела на мобилност 2025

Нова едукативна интерактивна вело работилница во соработка со Општина Аеродром и ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ – Аеродром

HalkVelo 2025

08.09.2025

Халк Вело Грин 2025

Денес Маседониан бајк рајдерс на трката во Маврово “Halk Velo Green 2025” со следните достигнувања: Екипно трето место. Сашка трета во генерален пласман жени. Исто, Сашка прво место во нејзината категорија 50+. Сашо втор во неговата категорија 60+. Сопругата на Сашо, Билјана прво место во нејзината категорија 60+ и Горан на делба на третото место во неговата категорија 50+.

17.08.2025

5 нови велосипеди за лицата од ранлива категорија

Благодарност до Hamachi за донацијата на 5 нови велосипеди за лицата од ранливата категорија. Честитки упатени и до Sumnal Bt за обезбеденото вработување на овие лица од ранливата заедница

25.07.2025

Маседониан Бајк Рајдерс со нова мисија

На 10 лица во Битола кои се соочуваат со сиромаштија потребен им е велосипед за да стигнат до своето работно место. Сакаме да им помогнеме, а велосипед е вистинското решение…

Rabotilnica Aerodrom April 2025

25.04.2025

Вело работилница

MAСЕДОНИАН БАЈК РАЈДЕРС во соработка со Општина Аеродром и ООУ „Лазо Ангеловски“ – Аеродром, организираа работилницa со учениците за основно одржување на велосипедот, лична безбедност и безбедно учество во сообраќајот.

17.11.2024

МовеМБР на точак

Во недела 17 ноември, возиме за машкото здравје.
Организирано од @dm_makedonija
Поддржано од @macedonianbikeriders

20.09.2024

Европски денови на мобилност

Во рамките на European Mobility Week, ги поддржавме „маалските игри“ пред училиштето ООУ Љубен Лапе на булеарот Васко Каранѓелески. Одлична иницијатива на Општина Аеродром и Go Green – Биди Зелен.
Нашeто учество е финансиски поддржано од GEF Small Grants Programme.

03.05.2024

Карго велосипеди

Дизајниравме и изработивме 5 Карго велосипеди.
Ги дониравме на 5 жени од социјален ризик во населбата „Момин Поток“ кои заработуваат исклучиво преку селекција и продажба на отпад.
Идејата беше одобрена и финансиски поддржана од Програмата за мали грантови на Глобалниот еколошки фонд и УНДП.
#gefsgp.mk @gef.sgp.mk #macedonianbikeriders #одржливитранспортнирешенија

Scroll to Top